Боречките вештини на армиските „Волци“ кои со глава кршеа керамиди, како и изведбата на точката „Егзецир“ на Гардата на АРМ денеска ги собраа сите аплаузи на плоштадот „Македонија“ на кој македонската армија организираше Отворен ден со граѓаните насловен „АРМ со вас“.

На плоштадот присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, претставници на воено-дипломатскиот кор во Република Македонија и други високи претставници на МО и АРМ.
Според Министерството и АРМ, ова е добра можност граѓаните одблиску да се запознаат со својата армија и нејзините капацитети и да се информираат за воената професија и јавниот оглас за прием на војници.