Како беше создаден фантастичниот свет на „Коко“?

од desk2
124 прегледи

Иако знаете дека „Коко“ беше создаден со помош на огромен број компјутери и дизајнери, сепак тоа не одзема ништо од неговата убавина. Овој анимиран филм си го заслужи својот Оскар со комплексноста на секоја сцена, беспрекорниот дизајн и анимацијата која е на ново ниво во однос на било кој друг филм.

Импресивниот изглед на „Земјата на смрта“ изгледа уште повеќе комплексно кога ќе видите како беше креирано ова место.

Тимот кој работеше на „Коко“ дефинитивно си ја заработи својата плата, бидејќи производот кој беше креиран од нивните компјутери беше спектакуларен до тоа ниво што беше сигурен и единствен избор за Оскарот за Најдобар анимиран филм на овогодинешните Оскари.

 

Голем број комплименти беа упатени кон „Коко“ поради начинот на кој беше застапена латино културата во САД, истовремено забавувајќи ја публиката додека ја подучува за обичаите на овој народ.

Студиото Пиксар, како и обично, донесе на свет одличен финален производ преку овој анимиран филм. Заработката на боксофисот покажува дека „коко“ беше одлично прифатен низ целиот свет, а некои отидоа дотаму да кажат дека ова е визуелно најубавиот филм кој Пиксар некогаш го има направено.