Преместување на „Мона Лиза“ во друг музеј чини над 30 милиони евра

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Позајмување на познатата уметничка слика „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи, на друг музеј, би чинело меѓу 30 и 35 милиони евра за три месеци, соопшти парискиот музеј Лувр, што е сопственик на сликата.

„Преместување на сликата во друг музеј на изложба, што подразбира симнување, обезбедување и преместување во заштитното стакло, трошоците за специјалниот превоз, амбалажата и финансиската загуба за Лувр додека сликата не е во музејот, чини меѓу 30 и 35 милиони евра“, соопшти Управата на музејот.