Претседателот Доналд Трамп потпиша проглас за распоредување на Националната гарда на американско-мексиканската граница со цел спречување илегална миграција.

„Беззаконието кое продолжува на нашата јужна граница фундаментално е неспоива со безбедноста, сигурноста и суверенитетот на американскиот народ“,наведува Трамп во меморандумот со одлуката, додавајќи дека неговата администрација „немала друг избор туку да делува“.
Тоа соопштение објавено во среда по локално време, неколку часа откако Трамп се зазеде за „денешната силна акција“ по прашање на имиграција, како и ден по изјавата дека ќе ја употреби војската за обезбедување на јужната граница додека долгоочекуваниот ѕид не биде изграден.
Американската министерка за внатрешна безбедност Кристијан Нилсен вели дека со гувернерите на државите на југозападот на САД се договориле за тоа каде и колку гардисти ќе бидат распоредени.
Таа вели дека разместувањето ќе биде спроведени најбрзо можно, но некои други официјални лица, како што наведува АП, истакнаа дека за деталите како локација и време на распредување на гардистите се уште се разговара.
Нилсен не наведе колку припадници на Националната гарда ќе бидат распоредени на границата на САД со мексико и колку ќе чини, велејќи дека ќе ги има „колку што се потребни за да се пополнат прзнините кои ги има денес“.
АП пишува, повикувајќи се на неименуван извор, дека се очекува да бидат распоредени меѓу 300 и 1.200 гардисти и дека трошоците ќе бидат најмалку 60 до 120 милиони долари годишно.
Агенцијата додава дека во Пентагон најверојатно ќе биде потребно одобрување од Конгресот за финансирање.