Роуан Аткинсон се враќа во „Johnny English Strikes Again“

од desk2
150 прегледи

Најдобриот таен агент во светот е назад, спремен за акција. Новото продолжение на сагата „Johnny English“ доби прв трејлер, а во главната улога повторно можеме да го видиме британскиот комичар Роуан Аткинсон.

Во „Johnny English Strikes Again“, агентот Инглиш се враќа од пензија и веднаш влетува во потрага по генијалниот хакер кој сака да ги открие идентитетите на сите тајни агенти во Британија.

Премиерата на овој филм е закажана за 12 октомври 2018 година.