Иранската национална телевизија го цензурираше логото на ФК Рома

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Иранската национална телевизија го цензурираше логото на италијанскиот фудбалски клуб Рома при преносот на натпреварот од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) против Барселона.

Иранскиот канал замати дел од грбот на римскиот клуб, односно не се гледаа градите на волчицата која ги храни Ромул и Рем, според легендата за основачите на градот.

Претставниците на италијанскиот клуб одбија да ја коментираат оваа постапка на Иранската телевизија. Рома на „Камп ноу“ во првиот натпревар од четвртфиналето беше поразена со убедливи 4:1./МИА