Судот во Сеул во петок ја осуди посрамотената поранешна јужнокорејска Парк Геун Хје на 24 години затвор поради корупција, јавија локалните медиуми.

Таа е прогласена за виновна за корупција и злоупотреба на должноста, а читањето на пресудата во живо ја пренесуваше националната телевизија
Обвинението против Парк е подигнато во април 2017 година и се товари по 18 точки за корупција, подмитување и протекување державни тајни.
Обвинителството бараше 30 години затвор и парична казна од 111 милиони долари. Парк не присуствуваше на читањето на пресудата, а не беше присутна ни на претходните рочишта.
Таа е обвиинета дека на својата блиска пријателка Чои Сун Сил и дала преголем пристап до овластувањата на владата, покрај тоа што Чои немала службена должност. Чои во март е осуде на 20 години затвор.
Парк (66), која стана прва жена претседател на јужна Кореа во 2013 година, е отповикана од должноста претседател во март лани поради корупција по повеќенеделни протести на кои се бараше нејина оставка.
Таа беше меѓу највлијателните конзервативни политичари во земјата и пет пати беше избрана за Националното собрание.
Нејзиниот татко Парк Чунг Хе, кој владееше со „железна рака“ со Јужна Кореа во 60-тите и 70-тите години беше убиен во 1979 година.