Американскиот социјален медиум Фејсбук ја информирал Европската Комисија за можноста од копромитирање на лични податоци на 2,7 милиони корисници на социјалната мрежа од Европа, во скандалот со консултанската фирма Кембриџ Аналитика, пишува ЕУОбзрвер.

„Фејсбук потврди дека податоци на 2,7 милиони корисници од Европа, или поточно од ЕУ, можно е да се непрописно споделени од Кембриџ Аналитика“, соопшти на прес конфернција портпаролот на Комисијата, Кристијан Виган.
Европската унија соопшти дека ќе контактира со органите за заштита на податоците на земјите членки и САД со цел да се утврди дали социјалната мрежа Фејсбук ги прекршила европските прописи за приватност, по протекувањето на податоци на неколку милиони луѓе.