Салата со пилешко месо и зеленчук

од desk2
190 прегледи

Вкусна салата со пилешко месо и зеленчук, која можете да ја користите и како оброк.

Потребни состојки:

4 компири

3 поголеми парчиња морков

300 грама кисели краставички

1 пиле (средна големина)

300 грама мајонез

200 грама кисела павлака

1 корен од целер

Подготовка:

Во тенџере на оган сварете ги пилето, морковите и компирите. Откако ќе се изладат одделете ги коските и кожата од пилешкото месо, потоа ситно исецкајте ги месото, компирот, морковот, киселите краставички и коренот од целер.

Посебно измешајте мајонез, кисела павлака, додадете малку лук во прав, сол и црн пипер, потоа вака приготвената смеса прелијте ја одозгора над месото и зеленчукот, се добро измешајте и послужете.