Филида Барлоу (74) е британска уметница, која својата кариера ја почнува во 60-тата година, откако е откриена како непроценлив талент од британските кустоси. Таа дипломирала на Факулетот за уметност во Челзи, но целиот живот го посветила како професорка по ликовни уметности. Таа има извршено големо влијание врз младите британски автори, а во 2015-та е прогласена како член на Кралската академија. Во 2017-та го претставуваше Кралството на Венециското биенале.
Барлоу е позната по својот неконвенционален пристап кон уметноста, која успева со секојдневни материјали, низ масовни инсталации да анализира општествени појави. Деконструктивист во уметничката форма, таа го буди абјектот, ја руши уметничката конвенција за убавото низ мисловен процес и создава нов пристап кон естетското.