Илон Маск апелира и предупредува дека во ова доба на вештачка интелигенција човештвото може да создаде „бесмртен диктатор од кој нема да може да побегне никој“.

Тој предупредува дека развојот на суперинтелигентниот мозок може да резултира со форма на вештачка интелигеницја која ќе владее со светот. „Кога е на власт зол диктатор, тој човек кога тогаш ќе умре. Но, не и ВИ. Вештачката интелигенција не може да умре. И тогаш би имале бесмртен диктатор од кој нема да може да побегнеме“, вели Маск во новиот документарец од Крис Пајн, Do You Trust This Computer.