Заев: Очекувам поддршка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ и Иванов за решение на името

од Vladimir Zorba
139 прегледи

За решението на името, ако изгубиме, сите ќе изгубиме – ако добиеме, сите ќе добиеме 

Јас очекувам дека јавно искажаниот збор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на високите претставници на таа партија ќе биде испочитуван, дека се посветени и дека даваат поддршка на интеграциите на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Досега ние споделувавме информации околу процесот со Грција. Со сите детали кои што ги знаеме, апсолутно,  вели во инттервју за МИА премиeрот Зоран Заев

Верувам дека опозицијата во Македонија има свои црвени линии, но исто така, и таа посакува решение на проблемот што Грција го има со нашето уставно име.

Како прво затоа што искрено сакаат интеграција во НАТО и во ЕУ, и второ зашто се надеваат дека е можно решение, како што се надевам и јас, без да се чепне достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија.

Секако, во вакви околности, јас имам целосно право и желба, да очекувам конструктивен пристап од страна на опозицијата, а секако и од Претседателот на државата, зашто очекувам дека националните интереси им се пред сѐ и над сѐ, без разлика на политичките афилијации. И, ако успееме во оваа работа, тоа ќе биде успех на сите нас, заедно.

Успех на граѓаните на Република Македонија, успех на сите политички партии, и на сите партиципиенти во власта. Ако изгубиме, сите ќе изгубиме – ако добиеме, сите ќе добиеме.

 

Од тој аспект јас верувам дека со можно решение, кое што ќе го сочува достоинството и идентитетот на нашите граѓани, можеме да демонстрираме национален консензус, власта и опозицијата, заедно со граѓаните.

Ќе се подигне ли нивото на разговорите со Грција? Ќе се видите со Ципрас по празниците?

 

Сега по празниците следува уште една средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Верувам дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу мене и Ципрас. Тоа ќе значи дека напредокот во разговорите стинал до тоа ниво за да се премине и на ниво на премиери на државите.

Ако слушнат граѓаните дека се закажува средба помеѓу Заев и Ципрас, тоа значи конкретна практична потврда, дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение.

Јас верувам дека тоа е возможно, јас верувам дека е добро за Македонија да се случи колку што може порано поради тоа што тоа за нас значи комплетна гаранција за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, но и автоматска покана за членство во НАТО.

Сега веќе никој не спомнува црвени линии. Завршница е, може така да се каже, финиширање на тие преговори, но сепак, ќе откриете до каде, под што не може?

Ако добро ме анализирате лесно ќе сфатите кога зборувам за достоинството и идентитетот. Тие се отприлика црвените линии. И чувството на достоинство е секогаш она кое што не боли, дали некој ќе не погази, дали некој ќе се обидува да не обезличи, дали ќе не омаловажи. Затоа што омаловажени, обезличени, повредени не сме ни достоинствен партнер за партнерството за кое што се залагаме. Јас ова многу добро го знам и затоа водам голема грижа решението да биде достоинствено за двете страни.

Јас верувам дека и пријателите од Грција тоа го знаат. Како што и јас водам грижа за тоа, како премиерот Ципрас и министерот Коѕијас, ќе го поминат низ институциите на системот, пред Парламентот, како ќе им го објаснат на граѓаните решението за кое ќе постигнеме согласност.

Оттаму, и јас очекувам и тие да водат грижа за нашите позиции пред нашиот народ и институциите, како нивни партнери во овие разговори. И верувам дека досегашната посветеност на процесот, чекорите кои што се покажани овозможуваат придвижување. И се придвижуваме. Има позитивен исчекор од Виена за кој верувам ќе биде заокружен дополнително на 11 или 12 април, на следната средба помеѓу министрите. На крајот на април, или, можеби, почетокот на мај, можно е да имаме средба на премиерско ниво. Тоа секако зависи од двете страни, но треба да знаат граѓаните, важно е прашањето, премногу важно, но не по секоја цена, како што рековме.

Истовремено, од она што го знам од досегашниот процес на разговорите со Грција, имам целосно право да бидам оптимист.

Јас знам дека оптимизмот движи, и дека сум најмногу поради тоа оптимист, иако сум секако свесен дека оптимизмот може да значи и големо разочарување.

Но, без разлика дали сме блиску до членството во Европската Унија и или во НАТО, ние можеме само да

потврдиме дека она што неизбежно ќе го правиме во која било варијатна е да ги унапредувавме институциите и економијата, да ги реформираме, да ги направиме поквалитетни, поблиски до граѓаните и за граѓаните. Да градиме пријателство со сите наши соседи, без разлика на ЕУ и НАТО, затоа што пријателството носи трговија, носи економија, носи работни места, носи размена на искуства, знаење и вештини.

Така што, убеден сум дека ваквите процеси кои што ги движиме, пред сѐ, на крајот значат подобра економија, подобар стандард за граѓаните, поквалитетен живот, и чувство дека сме на ниво, рамо до рамо со граѓаните од Западна Европа.

Тоа значи, дека за да го заокружиме моментот со името, оптимистичкиот пристап и сето она што го кажавте, нема да ни требаат дипломатски булдожери од Западна Европа за завршница?

Кога влеговме со премиерот Борисов во разговорите за Договорот за доброседство и пријателство со Бугарија, јас слично очекував дека ќе дојде некој булдожер, тоа што велите, некои од пријателите од Европа, од Америка, од некои други пријателски земји и институции. Но, успеавме сами. Успеаа нашите тимови, креативноста на речениците, успеавме веројатно и со храброста и денеска видовме дека сме имале право. Не загуби ништо Македонија, не загуби ниту Бугарија. Добивме 11,5 проценти зголемена трговија  помеѓу двете земји. Да се креираат се повеќе музички и уметнички иницијативи од двете земји.  Општините се повеќе и повеќе да соработуваат, бизнисмените да инвестираат и тука и таму. Буквално од двете страни. И едноставно и да бараме некоја негативност, не можеме да ја најдеме. А, не можеме да ги наброиме буквално, од што се многу, позитивните аспекти.

ЗАЕВ: СИГУРНИ СМЕ, ЧЕКОРИМЕ ВО ДОБРА НАСОКА

Јас тоа го носам со себе како искуство, за мене е многу пријатно и тоа ми дава за право дека е можно и билатерално  да најдеме решение. Најдобро е билатерално. Ќе покажеме капацитетност и кон САД и кон ЕУ, и кон целиот останат свет, дека сме на ниво, созреани. Да бидеме рамноправни со целиот демократски развиен свет. Не само ние, туку и Грција. Заради тоа што тоа е во интерес на двете земји. Јас ја почитувам многу, изјавата на Ципрас: Без разлика на политички кариери. Тоа го кажувам и за себе. Многу е вредно решавањето на ова прашање, оти и за Македонија и за Грција отвора сериозни  перспективи, без разлика на нашите политички кариери.  Политичарите,  доаѓаат и си заминуваат. Но, да ја обезбедите попатно добрата иднина за својата земја, е тоа е нешто што останува вековно забележано.

НАТО. Што доколку во овој период не го најдеме решението, или ќе дојде подоцна. Можно ли е, некаков специјален статус, некаков влез во НАТО, а во перспектива да дојде до решавање на ова прашање?

Тоа, што некои кулоари велат, може и под ФИРОМ ќе влеземе, ќе не внесат без разлика дали ќе го решиме името или не, мислам дека тоа не е возможно. Зошто? Кога беше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг овде рече не бива таа работа. И, тоа е чесен пристап. Да знаеме, јас да знам, и граѓаните на Македонија да знаат дека ако не најдеме прашање на решението на проблемот што Грција го има со нашето уставно име, ние покана за членство во НАТО нема да добиеме.

Да, возможно е асоцијативно членство по теркот на Шведска и други земји, може да добиеме како што добивме по 2008 година, Стратешко партнерство со Америка, со Турција, со земји пријатели. Немаме проблем за тоа, но нашата желба е членство во НАТО. Асоцијативното членство, веројатно ќе го добиеме. Јас дури и не размислувам дали ќе го добиеме или не, оти јас очекувам покана за членство во НАТО. Веројатно за тој период, додека се ратификуваат договорите, би требало да одиме на референдум, ако имаме решение на проблемот, да го искористиме. Гледам, во Црна Гора, година и пол траеше ратификацијата. Имаме доволно време, но поканата за членство во НАТО, значи НАТО. И, нема дилеми дека ќе го ратификуваат земјите. Додека трае целиот овој процес, тоа, паралелно значи инвестиции.

Заев: Продуктивноста на администрацијата е катастрофална, ќе има чистење!

 

 

Паралелно значи фондови, паралелно значи повеќе пари за граѓаните. Паралелно значи и повисок стандард за сите нас. И, јас сум убеден дека треба да бидеме 100 процентно фокусирани на отворање на перспективите на нашата земја или како што спомнав пред малку и како што велат некои пријатели, добивање на имотниот лист за Република Македонија.

целото интервју тука