Цртани кои може да влијаат позитивно на вашето дете се „Сид, детето научник“, „Љубопитниот Џорџ“, „Возот на диносаурусите“, „Макс и Руби“, „Супер зошто“ и „Сајберчес“.

Секој од цртаните филмови содржи едукативна и забавна нарација, што ќе ви помогне вашето дете да стекне когнитивни способности. Подобрување на логиката, анализата и поврзувањето на појавите. Од друга страна не содржат насилство, туку изобилуваат со хумор и досетливи шеги кои се со образовен карактер. Најважно од се, во сите содржине вашето дете ќе научи да го поставува најклучното прашање „зошто“. Очигледно е дека за сега овие цртани се со англиска нарација, па преводот ќе биде неопходен.
Во „Љубопитниот Џорџ“ вашите деца ќе научат за формите, боите и броевите. Лекциите се многу едноставни и лесни за учење. „Возот на диносаурусите“ ќе ги потикне децата да откријат кои биле овие суштества на Земјата планета, и што значат тие во еволутивниот развој. „Макс и Руби“ учи на еднаквост, без разлика на полот и годините./В.К
Линк до корисни цртани филмови