Социјалната мрежа Инстаграм откри дека наскоро ќе им овозможи на корисниците да ги преземаат своите податоци.

Порталот “Techcrunch” пишува за недостатоците на оваа социјална мрежа, а на ваквата статија пристигна одговор. Моменталната ситуација е дека корисниците не можат да ги преземат своите фотографии кои ги поставиле на оваа социјална мрежа.
Одговорот кој пристигна е дека Инстаграм моментално работи на развој на оваа опција која ќе им овозможи на корисниците да ги преземат своите податоци. Сè уште нема детали за новата опција, па така не е познато дали на корисниците ќе им овозможат преземање само на своите фотографии и видео снимки кои ги поставиле на својот профил или ќе можат да ги преземат и пораките кои ги разменувале со своите пријатели.
Instagram's lack of data portability puts users at the mercy of the platform's product and policy decisions https://t.co/YCYu7wbiAY
— TechCrunch (@TechCrunch) April 11, 2018
Едно е сигурно – по скандалот со Фејсбук и продавањето на личните податоци на трета страна, корисниците започнаа да размислуваат за отстранување на своите податоци како од Фејсбук, така и со останатите социјални мрежи. Единствената разлика е тоа што Фејсбук кој е инаку сопственик и на Инстаграм, поседува опција за преземање на податоците уште од поодамна, додека Инстаграм сè уште ја нема оваа опција.
Поради недостатокот од ваквите опции, се појавија апликации кои овозможуваат преземање на податоци, меѓутоа доколку немате доверба во Инстаграм позади кој стои Фејсбук, не е добра идеја да дозволите пристап до апликација чиј творец е многу помалку познат.