Арсенал го сака Саул, Атлетико бара 150 милиони евра за него

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Арсенал има многу силен интерес во врска со играчот од средниот ред на Атлетико (Мадрид), Саул Нигес, вели „АС“.

Иако не е јасно дали Арсен Венгер ќе ги предводи „топџџите“ следната сезона, играчот од средниот ред влезе во плановите за трансфер на раководството.

Неколку сериозни тимови од Европа се заинтересирани на 23-годишниот Саул, а всушност тимот од Лондон се последниот кандидат за неговиот потпис.

Саул има долгорочен договор со клубот и има уште осум години да го заврши.

Неговата клаузула за ослободување е 150 милиони евра и веројатно нема да биде продаден за помала бројка.

Слични содржини