По нападот со хемиско оружје минатиот викенд, сириските сили и нивните сојузници се подготвуваат за воен одговор од Запад.

Во очекување на воената акција на Западот, сирискиот претседател Башар ал Асад е скриен во руски бункер, без прозорци и телефони. Така барем тврди”The Baghdad Post”, кој објави дека постојат фотографии од Асад во бункерот во воздушната база Хмеимим на западниот брег на Сирија, а која е под контрола на Русија.
На Асад му е забрането користење телефон за да не ја оддаде својата локација, твдат изворите на весникот. Според последните извештаи, Асад побегнал до Дамаск во руски конвој.
по нападот со хемиско оружје на цивили кој се случи во саботата, серискиот режим и нивните сојузници се подготвуваат за нова рунда напади од море и од воздух кој би требало да го предводи САД.
Се претпоставуваше дека главни мети на нападот ќе бидат магацините со хемиско оружје. но, според новите информации, се разгледува бомбардирање на воени бази, седиштето дури и куќата на Асад и неговите соработници, пишува Mirror.
„Нападите во 29017 година на магацините со хемиско оружје не го дадоа саканиот резултат. Може да ја нападнете војската на Асад, но со тоа не го погаѓате него.Треба тој да се нападне за да почувствува како е тоа“, велат разузнавачки извори.
Се уште не се знае кога би се случила најавената воена акција. Белата куќа вчера објави соопштение дека продолжува со проценка на податоците и разговара со партнерите и со сојузниците.