Богоев: Има индиции за проневера на пари од Стевче Јакимовски!

од desk4
139 прегледи

В понеделник градоначалникот на скопската општина Карпош најави обелоденување на ревизорски извештај, по кој , според него , работа ќе имало  Основното јавно обвинителство.

  

Проневера на пари, отсуство на фактури за многу проекти и недостиг на детални извештаи. Ова се дел од обвинувањата што вечерва на Телма ги изнесе градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, за својот претходник Стевче Јакимовски.Богоев рече дека деталите ќе ги соопшти на прес-конференција в понеделник .

-Во понеделник кога ќе стигне извештајот од Државниот завод за ревизија ќе го поднесам до Основното јавно обвинителство. Во извештајот се откриени случаи во кои се трошени големи суми на пари за кои нема финансиски извештаи и приложени сметки. Општнската градба на Карпош е дивоградба. Бараките се градени без одлука на Советот. Понатаму, тендерот за градење е сомнителен, рече Богоев.