Шекеринска: По настаните во Сирија, мoжен нов мигрантски бран

од desk2
84 прегледи

Настаните во Сирија се очекува да донесат нови бегалци и во Македонија, изјави министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шеќеринска.

Таа рече дека ваквите случаи како на Сирија воопшто не се во корист на малите држави како што е Македонија. Шеќеринска ја истакна потребата за постоење на траен систем за соочување со вакви ситуации, додавајќи дека е многу важно за земјата да биде дел од системот за колективна заштита.

И Албанија и Косово ги поздравија воздушните напади на западните држави во Сирија оценувајќи ги како неопходни.