Филмот „Последните камбани“ со многубројни светски фестивалски проекции

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Краткиот филм „Последните камбани“ на режисерот Николче Поповски овој месец ќе биде прикажан на Скопје филм фестивал и на Фестивалот на нем филм во Медисон, Висконсин, САД. Главната улога ја игра актерот Мето Јовановски.

Премиерно филмот беше прикажан на фестивалот во Монтреал каде освои прва награда за најдобар краток филм, а неодамна учествуваше и во официјалната меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал во Силхет, Бангладеш.

„Последните камбани“ ќе биде дел и од официјалната конкуренција на Фестивалот на краток филм „Фастнет“ во Шул, Ирска, кој ќе се одржува од 23-ти до 27 мај, а за идниот месец е потврдено и учество на Меѓународниот фестивал на краток филм и анимација во Санкт Петербург.