Изложба на унгарскиот автор Ерос Иштван во КИЦ

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Изложба на унгарскиот автор Ерос Иштван ќе биде отворена во КИЦ. Делата ќе бидат поставени во Изложбениот салон– Империјал 2 , во четврток со почеток од 20:00 ч. Изложбата ќе биде отворена до 30-ти април.

Биографија

Проф. Д-р. ЕРОС ИШТВАН (1964)

Студии:

1983 –  Завршен испит во Средното стручно училиште за уметност „ Marosvásárhely“ (Târgu Mureş), Романија

1993 – Академија за ликовни уметности, Виена, Австрија

1994 – Кралската академија за уметност, Хаг, Холандија

1995 – Дипломира на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта, Унгарија

1995- 1996 –  мастер програма на Унгарската академија за ликовни уметности

1996 –  Постдиплома од Универзитетот за ликовни уметности, Марсеј, Франција

2006 – Започнува програма DLA на Факултетот за музичка и визуелна уметност на Универзитетот Pécs , Унгарија

2009 – Одбраната на DLA дисертација, добива DLA степен (summa cum laude), Универзитетот Pécs , Унгарија

2016 – назначен универзитетски професор

 

Наставна активност:

2003 -2013 –  професор на Moholy-Nagy Универзитетот за уметност и дизајн, подготвителен факултет, Будимпешта, Унгарија

2008- Раководител на катедра на колеџот Eszterházy Károly, Катедра за визуелни уметности, Егер, Унгарија, вонреден професор

2013 – Визитинг професор на Националниот Тајван универзитет за уметност, Тајпеј, Тајван

 

Награди:

 

1993 – Стипендија на Комитетот за култура на општина Будимпешта, Унгарија

1994 – награда “Stúdió”

1995 – награда „Barcsay“

2012 – награда „Munkácsy“