Грк постави рекорд за асистенции во Евролигата

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Бекот на Панатинаикос, Ник Калатес постави рекорд по асистенции во натпревар од плеј-офот на Евролигата. Грчкиот репрезентативец го диригираше вешто нападот на својот тим при успехот со 95:67 против Реал (Мадрид) во првиот дуел од четвртфиналната серија помеѓу двата тима и го запиша своето име во историјата со вкупно 16 асистенции синоќа во „ОАКА арена“ во главниот град Атина.

Досегашниот рекорд беше на Томас Џортел, моментално член на Барселона. Францускиот бек направи 15 пасови на еден натпревар во 2015 година, кога играше во плеј-офот со екипата на Анадолу Ефес.

Калатес го подобри постигнувањето во третиот дел, кога асистираше на Адријан Пејн за кош, кој ја направи разликата 77:44.

Слични содржини