Премиера на филмот „Враќање“

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Премиера на долгометражниот игран филм „Враќање“ ќе се одржи вечерва во киното „Синеплекс“. Филмот е во режија на Кастриот Абдули, а финансиран со средства од Агенцијата на филм на РМ  во копродукција со Косовскиот центар за кинематографија и режисерот Абдули.

Покрај врвни филмски автори, актери и работници од Македонија и од Косово, како гостин во филмот, во една од насловните женски улоги, се појавува и француската актерка Делфин Депардје, внука на познатиот светски актер Жерар Депардје. По премиерата, филмот ќе игра на редовниот репертоар на киното.