Музичката легенда, ѕвездата на перформаносот Кејт Буш, повторно ќе и одаде почит на Емили Бронте, по повод 200 години од раѓањето на маестралната пистателка.

Инсталацијата на музичката икона ќе биде придружуван од поетесата Керол Ен Дафи, шкотската национална поетеса Џеки Кеј и писателката Џенет Винтерсон, во летен проект кој ќе биде посветен на сестрите Бронте, односно на двата века од раѓањето на Емили. Од сите четири било нарачано да напишат поезија или проза која потоа ќе биде изрезбана во камења, позиционирани над патот долг 12 километри помеѓу родното место на сестрите и нивниот семеен дом.