Исландската авиокомпанија „Вау ер“ понуди хонорар од 3,300 евра за двајца пријатели кои ќе прават блогови и влогови за компанијата од местата на кои ќе патуваат. Предуслов е да се биде креативен и да се размислува глобално.

Избраната двојка од 1 јуни до 15 август ќе биде сместена во апартман во Рејкјавик, а заработувачката ќе им се исплаќа месечно. Избараната двојка пријатели ќе патуваат на места кои сами ќе ги изберат.
Пријавувањето е до 14 мај.