Сончево и топло, до 31 степен

од Vladimir Zorba
125 прегледи

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура од 11 до 28 степени.

Според УХМР, ќе продолжи периодот на топло време, во попладневните часови со умерен развој на нестабилна облачност и со локален краткотраен дожд и грмежи.