Телевизијата „Ал Арабија“ објави видео снимка од воздушниот напад на Военото воздухопловство на Саудиска Арабија на автомобилот на првиот човек на Високиот политички совет на Јемен и лидерот на движењето „Ансар Алах“ – Салех Ал Самад.

На снимката може да се види лансирањето на двете ракети. Првата директно го погоди автомобилот во кој што се возел Салех Ал Самад, додека другата ги погоди луѓето кои што истрчаа од другиот автомобил.
Саудиските медиуми веста за убиството на Салех Ал Самад ја објавија на 23-ти април. Духовниот лидер на движењето „Ансар Алах“, Абдел Ал Хуси вети деа ќе ги казни виновниците за убиството на јеменскиот политички лидер. Тој за нападот ги обвини Саудиска Арабија и САД.