Временска прогноза

од desk4
300 прегледи

   Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14,  дневната од 20 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Продолжува период на топло време, со слаб до умерен развој на нестабилна облачност и со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно ќе бидат во попладневните часови. Долж Повардарието ќе дува југоисточен ветер, повремено ќе засилува.