Руски Твитер профили лобирале за британската опозиција

од desk4
120 прегледи

Од руски Твитер профили објавувани се пораки за поддршка на опозициската Лабуристичка партија во обид да се влијае врз минатогодишните парламентарни избори во Велика Британија, покажува истражувањето на Универзитетот Свонси и „Сандеј тајмс“.

 

Резултатите од истражувањето покажуваат дека од околу 6.500 автоматски профили се испраќани пораки со поддршка за лидерот на лабуристите, Џереми Корбин и неговата политика.

Исто така во пораките е напаѓана британската премиерка Тереза Меј, бидејќи одбила да учествува во изборната телевизиска дебата, како и за намалување на бројот на полицајци по бомбашкиот напад во Манчестер.

Истражувањето покажува дека девет од десет пораки биле за лабуристите и критички настроени за конзервативците.

– Новите откритија се исклучително загрижувачки. Апсолутно е неприфатливо која било земја да се обидува да се меша во демократските избори на друга земја, изјави британскиот министер за култура Мет Хенкок.