Силни експлозии, регистриран и земјотрес (Видео)

од desk2
128 прегледи

 

Силни експлозии ги потресоа воените бази на сириската војска и иранските борци, пренесе Дојче Веле од извештаите на европските агенции.

Детонација во магацин за муниција кај Хама регистрирана е како земјотрес со јачина од 2.6 степени според рихтер, а се шпекулира дека Израел стои зад нападот.

„Непријателски ракети“ се испалени на воени објекти во провинциите Хама и Алепо, соопшти сириската државна новинска агенција Сана. Сирискиот новинар Дени Маки преку Твитер објави видео кое наводно ја прикажува експлозијата во магацин со муниција западно од градот Хама. Според гласините, пишува Маки, се работи за израелски напади ли пак саботажа.

Информери блиски на режимот на Асад потврдија за германската агенција ДПА дека погодена е базата Наха ал Бард, шеесетина километри од Хама. И таму наводно се стационирани ирански војници. Еден од објектите кој бил цел на нападот важи за регрутен центар за шиитски борци кои Иран ги поддржува за да се борат заедно до сириската војска.

Од кругови блиски на тајната служба се вели дека во нападите има многу жртви. Со бројки се уште никој не излегол. Никој не ја презема одговорноста за нападитеспоред повеќе сирискимедиуми се шпекулира дека се работи за Израел.

Само неколку часа порано израелскиот министер за одбрана Авигор Либерман рече дека војската на неговата земја не исклучува нови напади на сириска територија. „Немаме намера да ја нападнеме Русија ниту да се мешаме во сириските прилики“, рече тој, додавајќи дека можни се напади против иранските паравојски. израел, додава Либерман, има амо три проблеми: „Иран, Иран и Иран“.

Техеран, покрај Москва е најблизок сојузниј на официјален Дамаск. На деветти април Иран и сириското раководство го обвинија Израел дека од воздух нападнал една воена база недалеку од Хомс. Тогаш наводно имало 14 жртви.

Сириските трупи во меѓувреме го стегнаа обрачот околу некогашениот палестински бегалски камп Јармук недалеку од Дамаск. Се проценува дека таму се наоѓаат уште 1.500 до 2.000 борци на Исламска држава. Агенцијата Сана пишува дека постигнат е договор џихадистите од понедлник без борба да се повлечат во провинцијата Идлиб која е под контрола на бунтвониците.