Стотици мигранти на границата меѓу САД и Мексико: Kога ќе се гради најавениот ѕид?

од desk2
79 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека мигрантите од Средна Америка се закана по националната безбедност на Соединетите Американски Држави.

Околу стотици мигранти кои патуваат се групно спречени да влезат во САД.

Службениците на американската гранична полиција им соопштија на мигрантите, од кои многумина патуваат со децата, дека границата меѓу Мексико и САД кај Сан Диего е затворена за нив.

Претседателот на САД Трамп, истакна дека овој караван е закана по безбедноста на Америка.

Мигрантите често беа на мета на американскиот претседател, кој во твитови зборуваше за оваа ситуација, која, како што тој вели, покажува дека е потребен поцврст миграционен закон.

Тој побара од државата која се граничи со Мексико да испрати трупи и да ја засили безбедноста се додека граничниот ѕид, кој го вети во кампањата не биде готов.

Каков е тој караван?

Тоа се всушност група на луѓе кои бараат азил, во главно од Хондурас.

Тие се упатиле кон САД на 25 март од јужно Мексико, во близина на границата со Гватемала. Патувале со автобус, воз, па и пешки, а поминале пат од 3.200 километри до границата.

Во еден момент нивната бројка изнесувала повеќе од илјада. Многумина од нив тврдат дека бегаат од прогон и насилство во своите земји.

Неизвесна судбина

Трпението кај голем број на деца кои се наоѓаат меѓу мигрантите е загрижувачко, а можеби заморот е најдобро објаснување за тоа.

Како што пренесува „BBC“, едно девојче стои тивко додека нејзината мајка и ја средува косата за интервју на границата, која може да и го одреди животниот правец.

Момче во капут преголем за него го цица прстот додека ја набљудува гужвата.

Претседателот Трамп вели дека овие семејства претставуваат опасност за САД. Мигрантите, од друга страна, инсистираат дека бегаат од опасност, а не дека ја донесуваат со себе.

Кога Трамп ќе го изгради ѕидот?

Изградбата на „големиот, убав ѕид“ долж границата со Мексико беше најпознатото ветување во кампањата на Трамп, но за сега Конгресот и Сенатот го сопреа планот за изградба на нови физички бариери.

Буџетот кој Трамп го потпиша минатата недела предвидува 1,2 милијарди долари за изградба на граничен ѕид, што е многу помалку во однос на 25 милијарди, колку што бараше Белата куќа.

Освен тоа, постојат многу ограничувања во финансирањето кое Конгресот го одбори. Поголемиот дел од парите можат да се користат за поправка на делови од ѕидот на границата кои веќе постојат, а не за ѕидање на нови делови.

Пентагон минатиот месец потврди дека Трамп одржал „иницијални“ разговори со министерот за одбрана, Џејмс Матис, во врска со тоа деловите од буџетот на Пентагон да се искористат за изградба на ѕид.

Сепак, демократските сенатори Дик Дурбин и Џек Рид му испратија порака на министерот за безбедност, истакнувајќи дека неговото министерство „нема правен авторитет“ да финансира таква работа.

Во декември, американската гранична патрола соопшти дека бројот на апсења во јужната граница е најмал од 1971 година, што изгледа укажува на тоа дека помал број на луѓе се обидуваат да ја поминат границата, пренесува „BBC“.