Иранските државни медиуми се потсмеваат со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради неговите изјави дека Техеран некогаш имал амбиции за нуклеарно оружје.

Иранската државна новинаска агенција ИРНА наведува дека Нетанјаху „е познат по смешни претстави“ додека поуофицијалната агенција Фарс го оквалификува говорот на премиерот на Израел како „пропагандно шоу“.
Нетанјаху изјави синоќа дека неговата влада дошла до „половина тон“ тајни ирански документи што покажуваат дека Техеран имал програм за нуклеарно вооружување. Во телевизиско обраќање тој рече дека се откриени 55.000 документи и 183 ЦД-а со информацииод иранските „нуклеарни архиви“