Фурнарини со болоњезе

од desk2
179 прегледи

 

Крцкави лебни стапчиња, готови за час.

Состојки:
250 гр брашно
80 мл масло
150 мл вода
1 јајце
½ квасец
сол и шеќер

ЗА СОС
болоњезе во ќеса
200 мл вода

Подготовка:
Се замесува тесто од сувите состојки и се остава да нарасне 30 минути, по што се дели на три дела и се расукува на работната маса.
Се сече на тенки ленти па се става во плех. По 10 минути премачкајте ги лентите со вода и масло и ставете зачини по избор. Печете ги 10 минути.
Сосот ставете го во 200 мл вода и мешајте додека не зоврие, па ставете го врз фурнарините.