Скандалозни вежби во српските учебници за петто оделение

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Социјалните мрежи се преплавени со реакции откако во српски ученик за петто оделение се најдоа стихови на турбо фолк дивата Светлана Цеца Ражњатовиќ.  Вежбата има и стихови од песни од Бајага и од „Рибја чорба“, а од учениците се бара да ги откријат именките во падежот вокатив. Таа, на социјалните мрежи се огласи само со тоа дека има и поубави стихови од тој кој го вметнале во учебникот.

Пред осум години кај нас, во учебник по Општество за петто одделение, во делот каде се опишуваат значајни имиња од македонската култура, како културни дејци беа наведени Тони Михајловски, Ферус Мустафов, Нора Шаќири, Есма Реџепова, Ристо Шишков, Никола Ристановски, Бодан Арсовски и други.