Научниците го дешифрирале геномот на една од најсложените билки

од desk2
92 прегледи

 

Француските научници успеале да го дешифрираат геномот на розата, што е голем чекор кон производство на нови видови рози, кои би биле поотпорни, пренесоа париските медиуми.

„По осум години изтражување успеавме да дешифрираме секвенца на ДНК со осличен квалитет“, вели Моамед Бендамен, научник во лабораторијата за репродукција и развој на билки во Лион.

Според него, тоа е исклучително откритие со оглед на сложеноста на геномот на розата.

Научниците веруваат дека ќе може да се одгледуваат рози на поштедлив начин во областа на употреба на пестициди и дека ќе може да се поттикнат нови облици, бои и мириси.

Во геномот на розата откриени се 36.377 гени што ја прави една од најсложените билки.

Розата е цвет кој најмногу се одгледува како градинарска билка, а се користи за производство на апрфеми. Франција е позната по одгледувањето рози за парфеми и козметика.

Од првобитните десетина различни видови рози, со вкрстување добиени се околу 35.000 различни видови сега. Розата е позната како кралица на градината, а од антички времињае синоним за љубов, страст, чистота и убавина.