Британецот Бавеш Пател (39) казнет е со 18 месеци забрана за возење затоа што го напуштил возачкото седиште додека неговиот автомобил се движел.

Пател е снимен како седи на совозачкото седиште додека неговиот автомобил модел Tesla S се движел на автопат со помош на вклучен авто-пилот.
Теслиниот авто-пилот систем не е автоомен, а и да е, во Велика британија не постои закон кој дозволува возење автомобил со помош на вотпилот на јавни патишта.
Овој возач од Нотингем призанл дека ги заменил седиштата кога го вклучил автопилотот, оставајќи ги кочниците и управувачот без контрола.
Пател вели дека направил глупост во мај лани, но истакна и дека бил „несреќник кој е фатен додека изпробува неверојатни можности на својот автомобил“.
Освен одземена возачка, Пател ќе мора и да волонтира 100 часа.
Исто така, наредено му е да оди на десетдневна рехабилитациска програма, а покрај тоа треба да плати глоба од 1.800 фунти.