Реформистичките процеси во Македонија, и придонесот на земјата кон глобалната безбедност и стратешката ориентација на граѓаните, политичките партии и македонската влада за полноправно членство во НАТО беа теми на средбите на вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска со Вилијам Беркли, директор за европски прашања во Националниот совет за безбедност при Белата куќа и Тина Кеданау, помошник-секретар за политички и воени прашања во Стејт департментот.
“Членството на Македонија во НАТО ќе значи успех не само за нашата држава, но и за САД и НАТО и ќе има големо влијание врз стабилноста и безбедноста во регионот”, истакна министерот Шеќеринска на средбите.
Вилијам Беркли истакна дека Белата куќа ги набљудува одблизу случувањата во Македонија. Тој истакна дека Македонија има “сојузници” во Белата куќа, а способноста на владата да спроведе реформи и да ги решава проблемите преку преговори го нарече “голем аргумент” за успехот на земјата. Во заклучокот се потврди дека успехот на Македонија да добие покана за членство во НАТО ќе биде пример кој ќе влијае на развојот на настаните во други земји од регионот.
Каидану, пак, истакна дека промената во Македонија е видлива само една година по политичката криза. “Македонија е важен партнер за САД и нејзиното членство во НАТО е важно за стабилноста на целиот регион”, рече Каидау.
За време на официјалната посета на Шеќеринска во САД, беше потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД