Денеска нова средба Димитров- Коѕијас во Солун

од desk4
104 прегледи

Денеска нова средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Грција   во ракмите на квадритералата  која денеска се оддржува во Солун. Денеска некаде околу пладне треба да се оддржи продолжение на преговорите меѓу Македонија и Грција колу  за надминување на  разликите околу името .

Во Солун двајцата министри треба да разговараат околу различните пристапи  за надминување на  спорот со името. Нема големи очекувања дека токму денес би бил некаков голем учинок , но важно е дека преговорите се движат со несмалено темпо. И во претходните средби и од ова не се очекува да се дознае премногу до каде се стигнало, бидејќи и двете страни го држат во најголема тајност деталите, а само колку за амбиент  за  јавноста излегуваат ситници кои патем треба да дефинираат или тестираат некаква преговарачка позиција или дилема.

Сепак , во пресрет  токму  на оваа денешна средба, вчера експерти од двете земји ги споделија ставовите околу ова прашање.

Дебата: Прашањето за името е повеќеслојно и со емотивен набој

 

Мнозинството од нив велат дека постигнувањето на евентуално решение нема за значи крај на повеќе деценискиот грчко-македонски проблем, бидејќи самиот тој не е политичко-дипломатски.

Проценките на експертите се дека спорот со името е општествено прашање.

Најмногу апели има за искоренување на предрасудите кај двете општества.

Јанис Армаколас од Грчката фондација за европска политика “Елиамеп” вели дека за Грците терминот “Македонија” е нераскинлив дел од нивниот идентитет и за создавањето на тоа гледиште во минатото било инвестирано многу.

„Не сум многу оптимистички расположен дека во толку кратка временска рамка ќе се реши спорот со името.  Тоа го кажувам врз основа на  25 годишните искуства, но и јавното мислење во Грција. Дури и најсериозните политичари во мојата земја и сите оние креатори на политики во Грција не даваат простор за компромис и олеснување на процесот  дека вашата земја не треба да биде закана за Грција. Овдека премногу присутни се емоциите и има премногу емотивен отпор“, вели Јанис Армакалос .

Љупчо Петковски од Евротинг пак вели дека  Скопје 2014-та и спомениците беа предмет на оспорување од страна на нашето општество.

„Доколку ние тие слики и факти  ги доближиме го грчките граѓани можеби би ги сфатиле во помал обем тие комплексности кои постојат во односите подобро би се разбрале. Јас кога поминувам кај спомениците и тој дел од иконографијата што е претставен како моја историја, тоа јас не го чувствувам како свое“, вели Петковски.

Она што е клучно е сепак дека преговорите продолжуваат, и во дебатата се вклучуваат и интелектуалната јавност, граѓанска, а не само политичарите кои секогаш настапуваат во партико и лично име  во борба за  гласачите и политиката, а не во функција на решенијата и иднината.