Полицајците Сашо Тасевски, Ацо Ангеловски и Љупчо Јаневиќ добија признанија од МВР на Денот на македонската полиција што беше организирано на стадионот во Штип

Признанијата им беа доделени во Штип каде што се прославуваше Денот на Полицијата, а се обратија Спасовски и Заев, додека наградите ги врачуваше заменик-министерот во МВР, Агим Нухиу, инаку тогашен прв човек на полицијата за време на упадот во Собранието.
По смената на власта, Тасевски беше назначен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа во МВР, Ангеловски беше поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР, а Јаневиќ началник на Единицата за обезбедување на Зоран Заев.
На стадионот во Штип пред публиката се изведуваа показни вежби и беа претставувани опрема и реквизити.