Иван Радовановиќ пред два дена ја закла со нож невенчаната сопруга Јелена Грбиќ (38) пред нејзините три деца во семејната куќа во едно село во Србија, а мотивот за убиството е љубомора, поточно затоа што Јелена сакала да се фотографира и да ги става фотографиите на фејсбук.

Монструмот побегнал по убиството, а најден е вчера во една шупа во близина на нивната куќа.
Тој во февруари излегол од затвор, каде лежел девет месеци поради насилство токму врз Јелена. Ноќта од неделата кон понеделникот упаднал во куќата на јелена, го скршил стаклото на вратата и веднаш се нафрлил на неа, пред очите на нејзините синови Дејан (17), Дарко (12) и Давор (3). Најмладиот Давор, е негов син, а другите двајца се деца на Јелена од првиот брак. Пред неколку години починал нивниот татко, и тоа на ист ден кога и Јелена е убиена.
Кога Иван упаднал во куќата Дејан ги однесол браќата во другата соба, но кога слушале дека мајка им кркори додека ја колат се вратиле назад. Дејан отрчал до полиција и до брза помош, но на Јелена и немало спас.
Иван пред неколку дена и се заканувал на Јелена, а особено бил насилен кога пиел. Келнерите вечерта на убиството не сакале да продолжат да го служат, зато ашто знаеле каков е.
Центарот за социјална работа ги згрижи децата. ЗИван не работел, а за неколку дена требал да се врати во затвор, да одлежи уште една година за насилство.