Белгиски пожарникари со гас загушија 20.000 пилиња кои веќе се гушеа во врел контејнер за стока на аеродромот во Белгија.

Летот со кој пилињата требало да битад транспортирани во Демократската Република Конго бил откажан, а извозникот не сакал да го врати контејнерот назад.
Затоа пожарникарите биле повикани да им ги скрати маките, но не сакале да го направат тоа, а бил повикан тим од блиско место да ја заврши работата.
Портпаролката на фламанските институции за заштита на животни Брижит Боргманс рече дека некои пилиња угинале до неделата, па пратиле ветеринари на лице место и одлучиле да им ги скратат маките.
Пратеници остро реагирале на масовната евтаназија, при што прашуваат зошто живи суштества транспортираме како да се обична стока.