Актерката Кејт Бланшет на прес конференцијата на 71. Кански филмски фествивал по критиките дека само три жени се вклучени во главната селекција на фестивалот, одговори дека работите не се менуваат преку ноќ, и жали што ситуацијата е ваква. Таа верува дека ситуацијата ќе се смени, но тоа нема да биде „преку ноќ“.

„Има неколку жени режисерки во натпреварувачкиот дел, и не се во селекцијата поради полот, туку поради нивниот квалитет на работа,“ рече Бланшет.
До сега главанта награда „Златна палма“ е доделена само еднаш на жена режисер. Џејн Кампион се закити со ова признание за филмот „Пијанo“.