Вучиќ: Путин е секогаш кога е потребно во Србија

од desk4
81 прегледи

Со рускиот претседател Владимир Путин, ние секогаш зборуваме искрено и отворено за сите теми. Кога е потребно, Путин доаѓа во Србија. Србија е фер и предвидлив партнер и не трае еден ден. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Државната телевизија РТС на крајот од својата посета на Москва.

“Фала му на Путин за поддршката  која тој  ја даде на српската делегација и Србија како држава да биде меѓу главните гости на парадата по повод победата над фашизмот. Тоа се покажа дека освен нашето заедничко минато, ќе имаме и многу заеднички работи во иднина. Со Путин разговаравме многу, многу долго за Косово.  Ги анализиравме сите документи на ОН, однесувањето на меѓународните фактори, пред сè за ова прашање.

Го очекувам   во Србија во текот на месец октомври или ноември “, рече уште Вучиќ. “Сите знаат и тука и во Европа, дека Србија е на европскиот пат, но кога Србија каже дека нема да воведува санкции против Русија, тоа значи дека Србија нема да примени санкции против Руската федерација.

Кога велиме дека ќе остане воено неутрална и дека нема да влезе во НАТО, тоа значи дека Србија токму така ќе се држи “, истакна српскиот претседател. “Секој пат кога сме имале проблем со Косово, со дивјачки напади на Албанците на север, вклучувајќи и претепување на Марко Ѓуриќ, независно од фактот што Путин беше во ужасна ситуација – завршување на изборите, пожар во МОЛ со загинати деца, тој во рамките на 24 часа се јави и разговаравме за сè. Секогаш и во секој момент може да се контактира со Путин. Кога е потребно Путин е до Србија и јас лично сум му многу, многу благодарен “, рече уште Александар Вучиќ.