Хаваите „горат“ им се закануваат огнени топки

од desk2
158 прегледи

 

Килауса вулканот на Хаваи во ерупција е веќе седум дена. Стручњаците предупредуваат дека може да биде уште полошо и дека на Хаваите им се закануваат огнени топки.

 

До сега на својот пат лавата однесе десетици објекти, во тек е евакуација на жителите , а материјалната штета е огримна.

Но, тоа е ништо во споредба со она што може да се случи, ако лавата стигне до геотермалната електрана, која е на пат на лавата. Ако тие хемикалии дојдат во допир со лавата ќе предизвикаат големи експлозии, а огнени топки може да загрозат подрачје од неколкукилометри, пренесе Independent.

Затоа властите наредија итно преместување на десетини илјади галони од електраната, а формиран е и итен кризан штаб.

Истовремено, геолошките стручњаци предупредуваат дека врвот на Килауа може во наредните неколку дена или месеци да експлодира и да катапултира пепел и парчиња карпи, тешки и по неколку тони, километри во воздух.

Во тој случај пепелта и чадот би одлетале во воздух и до 40 километри, поради што во воздухот ќе влезе огромна количина токсични материи кои може да предизвикаат гушење и труење на жителите.

Поради седмодневната ерупција на вулканот Хаваите се под константни земјотреси.

Заради катастрофата која ја снајде нивната земја, гувернерот Дејвид Иге побара од претседателот на САД Доналд Трамп да прогласи состојба на катастрофа на тоа подрачје.

Државните власти оценуваат дека трошоците за заштита на тамошното население во наредните 30 годиниќе надмени 2,9 милиони долари, а може да биде и многу поголема сума ако се укаже потреба од евакуација од поголеми размери по воздушен и морски пат.