Куе Џиану има исклучителна вештина со која може да состави три рубикови коцки додека со нив жонглира.

Ова 13-годишно кинеско момче својата способност ја покажа во телевизиско шоу на кинеска телевизија и тоа го изведе пред публика и судии.
Талентираниот Куе успеа да ги состави сите рубикови коцки за нешто повеќе од пет минути.
Минатата година кинескиот тинејџер во шоу на австралиска телевизија ја воодушеви публиката откако состави рубикова коцка со врзани очи за помалку од 12 секунди.