Фотографијата како мета нарација

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Експерименталната фотографија како и филмот може да се забележи во почетоците на надреализмот. Промената на општествената структура во политички и економски контекст, ќе ја предизвика уметноста да ја трансформира реалноста, да го означи виртуелното, имагинативното како ултиматум за означување на состојби. Херберт Баер (1900-1985) во минатиот век го премостува визуелното реално и го преструктуира во мета перцепција, која се спротиставува на дотогашните пракси на фотографија. Како дизајнер смета дека монтажата може да помогне за издигнување на појавното во транседенција која може да го преиспита тогашниот концепт на модерната уметност и архитектурата која силно се спојува со звукот.