Твин Пикс е телевизиска серија на американскиот режисер Дејвид Линч и сценаристот Марк Фрост. Трите сезони на серијалот изобилуваат со естетски осмислен сет дизајн кој потсеќа на линчовската визија за несвесното. Твин Пикс е серија која ќе се памети по одличната приказна, испрекинатост меѓу дејства и филмска стилистика на просторот. Времето во серијата е нелинеарно на моменти анахроно, кое го лоцира дејството во свесното и несвесното постоење на индивидуалната перцепција.
99