И по Тито-Тито ! Четврти редовен конгрес на НСДП

од Vladimir Zorba
143 прегледи

  Нова социјалдемократска партија (НСДП) денеска ќе одржи четврти редовен конгрес, на кој ќе се обрати претседателот на партијата Тито Петковски.

На конгресот ќе се избира претседател на партијата, како и членови на Централниот и Надзорниот одбор, а ќе биде усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.

НСДП соопшти дека на редовниот конгрес ќе учестуваат 500 делегати од сите општински организации на партијата.

Предконгресно нуза шпекулации и препукување за кандидатурата на нов претседател. Големи реакции дека стариот лидер Тито, никако да се повлече од функцијата и да отстапи место за млади и помлади кадри на оваа партија . НСДП е партија која се отцепи од СДСМ и во претходните години беше во коалиција и со ВМРО ДПМНЕ, а сега е со СДСМ.