Иранската нуклеарна програма, официјално сопрена со договорот со меѓународната заедница во 2015 година, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само била продолжен во тајност. Кога на тоа би се додала одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го поништи договорот бидејќи го смета за лош, се отвора прашањето за понатамошна ескалација на судирите на Блискиот исток.

Израел никако нема да прифати нуклеарен Иран, а по поништувањето на договорот и новите санкции за Иран, се отвора и простор за американска интервенција.
Се поставува и прашањето дали ќе може да дојде до судир меѓу Иран и Израел. Иранските сили се активни во Сирија, каде е активна и терористичката организација Хезболах, која Техеран ја поддржува. Како одговор, Израел често извршува воздушни удари на иранските сили во Сирија и на испораката на оружје за Хезболах.
Ако пропадне иранскиот нуклеарен договор, Израел би можел да се одлучи за превентивен удар. Меѓутоа, Иран е навистина посериозен противник од Ирак или Сирија.
https://www.youtube.com/watch?v=NhSVGPMK9hA
Иранската војска е добро организирана и опремена, со силна домашна воена индустрија, а има и импресивна мрежа за противвоздушна одбрана.
Иранското воено воздухопловство е едно од поголемите во светот и располага со повеќе од 300 борбени авиони, вклучувајќи и 40 тешки ловци пресретнувачи “F-15A Tomcat”, и 80-тина ловци бомбардери “F4E Phantom II”. Станува збор за борбени авиони од трета генерација, со кои Израел е добро запознаен, но “F-14” и ракетите “AIM-54” со голем дострел и натаму се смртоносна комбинација. Борбените авиони со пократок дострел се 36 “MiG 29”, 60-тина американски “F-5E/F Tiger II” и 24 кинески “F-7M Ergard”.
ПВО сочинува мешавина од различно потекло. Повеќето се ракети со среден дострел, потоа модернизирани “S-200” со дострел од 400 км, потоа состави “S-75”, десетина “Панцир С1”, триесетина “Торови” па и сличен број на британски “Рејпиери”. Русија пред неколку години испорачала и осум системи “S-300”.
Накратко, Иран располага со повеќеслоен, интегриран ПВО состав, кој ја покрива целата земја и претставува закана за било каков напад. Го штитат бројни ловечки авиони, а воздушните бази се во главно концентрирани на западната граница.
https://www.youtube.com/watch?v=BR3x-MV4neY
Исто така и Израел е нуклеарна сила, иако тоа никогаш официјално не го потврдил. Иран се наоѓа на дострелот на балистичките проектили “Џерико” два и три, кои носат нуклеарна или конвенционална боева глава.
Напад со балистички ракети би бил многу посигурен, без ризик од загуба на авиони или екипаж, а со конвенционални боеви глави можеби и би можело да се избегне отворена војна.
Сепак, оваа опција е најмалку веројатна па клучно прашање ќе биде дали САД се подготвени да учествуваат во воздушен напад. Ако се, тоа многу ќе му ја олесни работата на Израел. но извесно е дека на Блискиот исток така би избила уште една американска војна, овој пат против многу помоќен и поорганизиран противник од Ирак, Авганистан или Либија.