Повеќе од една четвртина Македонци ја напуштиле земјава во последниве десетина години. Уште илјадници други се подготвуваат да си одат во потрага по подобар живот. Феноменот на потенцијална емиграција е застрашувачки, алармира Светска Банка. Оние кои заминале, ретко се враќаат, пишува 24 вести.

Надлежните тврдат дека бараат решенија. На денешната дебата посветна на оваа тема, министерката за образование вети отворање на нови работни места за младите кадри, во склоп на универзитетите.
„Со тоа на големо задоволство можам да кажам дека дел вративме, а дел спречивме да заминат. Оваа недела веќе се пуштени нови согласности во министерството за финансии коишто ќе овозможат вработување на нови луѓе во универзитетите.” – изјави министерката Рената Дескоска.