Ѕинго со ВМРО ДПМНЕ на маса, неговите пратеници со СДСМ во пратеничките клупи

од Vladimir Zorba
472 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  седна на работен ручек со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата За подобра Македонија.

 

Како што пренесува Либертас , меѓу нив бил  и Љубисав Иванов-Ѕинго од Социјалистичката партија. Тој седел веднаш до лидерот на ВМРО ДПМНЕ , иако неговите пратениците пак гласаат за мнозинството на Заев и СДСМ. Двајцата пратенииц на Ѕинго беа во фокусот на јавноста минатата недела кога му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум на пленарната седница. Пракса е Ѕинго да се пазари со своите гласови и телевизиијата како поддршка, за да се биде дел од власта.

-На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и во однос на процесот за изнаоѓање на решение за името со кој раководи владата на Република Македонија. Заедничка беше согласноста дека Владата не споделува информации и процесот на преговори за името го води на максимално нетранспарентен начин што одава впечаток дека се крие нешто од очите на јавноста.

Токму затоа произлегува потребата од лидерска средба на која премиерот и министерот за надворешни работи би информирале за детали околу разговорите за името.

Коалициските партнери изразиле  и загриженост за политичкиот терор кој го практикува власта, базиран на страв и владеење со уцени и заплашувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.